Осомничениот за убиството на Тијана се однесувал како ништо да не се случило


Познаниците на осомничениот за убиството на Тијана Јуриќ велат дека тој денови по убиството се однесувал нормално и дека никој не можел да насети што се случило во Бајмок.

ubiec43Сrпските медиуми ја пренесуваат и изјавата на таткото на 15-годишната девојка кој рекол дека не може да го окарактеризира човекот кој ја убил неговата ќерка.

„Не знам како да го окарактеризирам монструмот кој тоа го направил. Не знам како човек мораш да бидеш за да му напакостиш на такво дете. Воопшто сега е Тијана, но не е важно за кое дете се работи, каков човек со 120 кила, м,оже да се изживува врз дете од 47 килограми, тогаш не се знае дали е тоа човек или животно, или не знам како да го наречам“, изјави Игор Јуриќ.

Телото на девојчето Тијана Јуриќ полицијата го пронајде во поле, 10 километри од Сомбор. Полицијата до местото на телото ја одвел самиот убиец Драган Ѓуриќ.

Ѓуриќ во Бајмок, ноќта помеѓу 25-ти и 26-ти јули со автомобил ја удрил Тијана Јуриќ, потоа и пристапил и кога побарала помош ја фатил за врат и започнал да ја удира, по што ја одвел со автомобилот до Сомбор, а обдукцијата ќе покаже и дали била силувана.

Експертите велат дека сличајот ќе биде анализиран, со оглед на тоа што не станува збор за вообичаена патологија во општеството.

За ова тешко кривично дело казната затвор се движи д 30 до 40 години. Во Суботица утре е проглесен ден на жалост.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1