Нови модерни јавни „ќенефи“ од следната година во Скопје – еве какви


Град Скопје планира да постави нови поквалитетни јавни тоалети во центарот на градот.

javni toaleti wc– Град Скопје бара нов тип на тоалети кои имаат подобар изглед и кои ќе можат да бидат ставени во центарот на градот, бидејќи сегашните тоалети, „Тоифор“ немаат добар изглед за прометните места, како плоштадите, изјави градскиот татко Коце Трајановски.

Постапката за избор на новите тоалети ќе трае до Нова година, а Трајановски се надева дека Градот ќе добие нови тоалети на почетокот на следната година.

– Тоалетите најверојатно ќе бидат поставени на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, кејот на Вардар и на други места во централното подрачје, но тоа дополнително ќе го кажат службите, додаде Трајановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1