Македонците најдобри трубачи во светот – победија во Гуча


На петиот меѓународен натпревар на дувачки оркестри кој заврши во Гуча учествуваа девет оркестри и тоа од Полска, Романија, Србија, Словенија, Македонија и Словачка.

trubaci500Најдобар меѓународен оркестар според одлуката на жирито е македонскиот дувачки оркестар „Уска Кан“, а Екрем Мамутовиќ е прогласен за најдобар светски трубач.

На второто место е оркестарот „Сокол“ од Полска, а на трето место се најде „The Zuralia Orchestra“ од Романија.

Неколку стотици посетители уживаа два часа во магиќните звуци на трубата додека траеше натпреварот, а победничкиот оркестар по прогласувањето продолжи да свири.

– Пресреќни сме. Да ја добиеш титулата најдобар светски оркестар значи нешто за што фантазираат сите трубачи. Одиме понатаму, велат победниците.

Да потсетиме дека минатата година на истиот натпревар за најдобар трубач е беше прогласен Демир Кантуровски член на нашиот победнички оркестар „Уска Кан“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1