Косовец нема заспано цели 33 години – по операција на ногата нешто му се пореметило (Видео)


Фаик Цаноли од Приштина цели триесет и три години се соочува со проблемот со спиењето.

Всушност тој не спие од 1981 година, по оперативниот зафат што му бил извршен на ногата.

faik2

-Се навикнав на оваа ситуација, иако се согласувам дека од време на време станува неподнослива. Постојано барам лек, но, се уште, не сум го нашол, изјави тој за телевизијата Клан Косова.

,,Се вртам во кревет, де на една, де на друга страна. Нема шанси да заспијам. Телото ми е уморно, ќе легнам но постојано сум буден. Понекогаш ќе помислам дека сум заспал но не сум. Ми пречи ме нервира а се обидов се,, вели во интервјуто за косовските медиуми Фаик.

Телевизијата контактирала десеттина психијатри за да дадат милење околу овој случај, но никој не сакал го коментира, иако се согласиле дека вакво нешто може да се случи.

И пребарањата на интернет потврдуваат дека ваквите случаи се можни, но се многу ретки во светот.


Faik Canolli by GazetaExpressTV

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1