Гром удри во мајка (36) и дванаесетгодишна ќерка при капење во местото Финкештајн на југот на Австрија.
Како што е соопштено, тие се префрлени со повреди со неодреден степен во болницата во Филаху.
Мајката и ќерката се капеле кога почнало невремето, а според полицијата во еден момент во кровот удрил громот , а ударот го погодил дното и базенот.
Кога мајката и ќерката го допреле дното на базенот, така се нашле во директен допир со струјата при што добиле струен удар.Но, и покрај тоа успеале да излезат од базенот но изгубиле свест надвор.
Таткото кој седел на терасата ги слушнал извиците на семејството и викнал брза помош
Инаку силно невреме во саботата вечерта ја зафати австриската покраина Корушка каде што имаше прекин на сообраќајот.