Авион на „Туркиш“ принудно слета во Софија поради мистериозен лап-топ


Патнички авион на „Туркиш ерлајн“ принудно слета во Софија, бидејќи е пронајден лап-топ без сопственик, а поради сомнеж дека е експлозивна направа.

turkish-airlines.jpg500Во соопштението на софискиот аеродром се наведува дека авионот на турската авиокомпанија кој летал на линијата Брисел-Истанбул принудно слетал во Софија.

Веднаш биле применети стандардни процедури во соработка со авиопревозникот и полицијата.Патниците се евакуирани од авионот и се сместени во транзитната зона на аеродромот.

Во текот на летот бил пронајден лап-топ чиј што сопственик не е познат, а се посомневале дека станува збор за експлозивна направа. По извршената процедура авионот продолжил со редовната рута.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1