Скопјани краделе по охридските плажи – фатени се по дури 12 кражби


Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против три лица од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил 12 казнени дела  од кои една разбојничка кражба, десет тешки кражби и една кражба, додека другите две лица сториле 12 казнени дела „Помагање“.

Првопријавениот иако имал определена мерка „куќен притвор“, го напуштил својот дом во Скопје и во текот на минатиот месец, во Охрид и околните населени места, заедно со другите двајца ги извршиле казнените дела. Тој, со употреба на физичка сила, со нож и друг подесен алат насилно ги отворал влезните врати и прозорците, влегувал во повеќе станови и куќи, вршел пребарување и одземал пари, златен накит, фото апарати и други вредни предмети.

k_1

– Првопријавениот ги користел приликите и низ незаклучени или отворени влезни врати влегувал во домовите, вешто се качувал до првиот кат и низ балконските врати влегувал и ги пребарувал собите. Со подесен алат и насилно ги кршел буренцата од влезните врати и прозорските стакла, а во авто-кампот „Градиште“ со кинење на заштитната мрежа влегувал во приколките и одземал пари и се што е вредно. На плажата „Акапулко“ го искористил невниманието на еден странски државјанин и од лежалката одзел ташна со пари, рачен часовник „Таг Хауер“ и други предмети, информира портпаролот на СВР Охрид, м- р Стефан Димоски.

Додека првопријавениот ги извршувал кривичните дела, второ и третопријавените со претходна опсервација на куќите и становите, му обезбедувале непреченост во извршувањето на тешките кражби. Тие му обезбедиле и патничко моторно возило, како и сместување во авто-кампот „Градиште“.

Од извршените 12 казнени дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1