Хакиран најсигурниот паметен телефон во светот


„Блекфон“ е името на новиот паметен телефон што е окарактеризиран како најсигурен уред со Андроид ОС   

blackphone-demo-270x167Моделот е создаден токму со идејата да им овозможи на корисниците да ја контролираат секоја компонента првпат од неговата работа, за да си обезбедуваат максимална заштита. Можностите беа демонстрирани во јануари, а „блекфон“ веќе може да се нарача од корисниците за 470 евра.

Интересно е дека за време на конференцијата „Блекхет“ успеаја да го пробијат уредот за само за пет минути. Името на човекот што го направи е Џастин Кејс и дефинитивно ова може да има сериозно влијание, на негативен план, на продажбата на „блекфон“. Ранливоста веќе е отстранета, но сепак се чини дека мобилните уреди никогаш не можат да ни гарантираат 100 отсто дека податоците ни се заштитени.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1