Nestali.rs и pedofili.rs се двата интернет сајтови, кои планира да ги отвори таткото на Тијана Јуриќ, 15-годишното девојче, кое беше злоупотребувано и ѕверски убиено во Србија. Овие интернет страници ќе имаат за цел спречување на сличните случаеви како исчезнувањето и убиството на младата Тијана.
-Додека траеше потрагата за нашата Тијана, дознавме дека на Бајмок има три регистрирани педофили и сметам дека таквите информации мора да бидат јавни. Мојот план е на местото на злочинот да направам спомен-парк во знак на сеќавање за Тијана а за тоа веќе разговарав со градоначалникот на Сомбор, објаснил Игор Јуриќ за српски Дневник.