Прогласена е епидемија на жолтица во Штип


Епидемија била прогласена уште пред два дена, а јавноста денеска дозна.

За епидемијата немаа информации и во општината Штип, иако Институтот за јавно здравје им испратил официјален допис. Вкупно 28 заболени од Хепатит А се регистрирани во текот на јуни, јули и август. Најмногу заболени се во изминатите десетина дена, дури 20 нови случаи. Само оваа недела се примимени во болница над 10 заболени од хепатит, а со секој ден пристигнуваат новозаболени, објави Канал77.

Институтот за јавно здравје се уште не може да каже од каде е изворот на заразата, бидејќи се работи за болест со долга инкубација.

zolticaОд опозициската СДСМ изворот го лоцираат во отпадните води на две приградски населби, кои се без канализација. Една третина од болните од жолтица се од населбите Балканска и Макеоднка, а отпадните води може да се избор на заразата, изјави претседателот на штипската организација на СДСМ, доктор Владимир Милошев. Тој ги повика локалните власти да излезат со детални информации за причинителот на заболувањето.

Милошев вели дека Инфективното одделение речиси ги пополни капацитетите, наместо по еден болен во соба, пацинетите се сместуваат по двајца, а одделението останало и без лекови, тврди Милошев.

Директорот на Институтот за јавно здравје, доктор Велик Грков, вели дека водата за пиење во Балканска и во Македонка е бактериолошки исправна, но, требало да се забрани за пиење бидејчи содржи поголема количина на тешкиот метал манган.

Агенцијата за храна и ветеринарство имала за задача да ја издаде забраната врз основа на резултатите од Инстутот. Жителите од двете наслеби со години пијат вода од приватен воводод, кој ги снабдува со техничка вода, која по сите правила не би требало да се конзумира. Што се однесува до водата од градскиот водовод, Грков повторно тврди дека е исправна и не извор на заразата.

Овие 28 заболени доаѓаат од сите делови на градот, што го усложнува отркивањето на потеклото на зараза. Најмногу ги има од дивата населба Каваклија, каде има диви приклучоци на вода, нема канализација, а жителите се пожалиле на чести прекини на вода.

Kanal77.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1