Фото: Каде најмногу патуваат македонските патници?


Во периодот јануари – јули годинава од двата македонски аеродрома се превезени вкупно 704.563 патници, што претставува зголемување од 17,2% во споредба со истиот период од минатата година, кога биле превезени 601.345 патници.

statistika aerodromi

Најголем пораст е евидентиран во април, кога услугите на аеродромите ги користеле вкупно 107.037 патници, што претставува пораст од 39,6% во однос на истиот месец од 2013 година, кога биле регистрирани 76.653 патници. Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во првите седум месеци од годинава опслужил 668.870 патници, односно забележано е зголемување од 19,9% во споредба со идентичниот период лани, кога се забележани 557.836 патници.

Во однос на операциите на воздухоплови за периодот јануари – јули 2014 година од двата македонски аеродрома се извршени 7.794 операции, со што е констатиран пораст од 9,3%. Во делот на карго превозот, од леталиштата во земјава се транспортирани вкупно 1.846,43 тони, или за 19,8% повеќе во однос на периодот јануари – јули 2013 година, кога биле превезени 1.540, 93 тони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1