Оздраве лекарот заболен од ебола


Американскиот лекар д-р Кент Брантли, заболен од Ебола, бил излечен и се очекува да биде отпуштен од болницата “Емри” во Атланта во четвртокот, јави Ројтерс. Тој беше лекуван со експерименталниот лек Zmapp.

lekar ebolaЛекарот беше транспортиран со специјален авион за САД на 2 август, откако се зарази со смртоносниот вирус во Либерија.
На истиот третман беше подложен и 75-годишниот шпански мисионер, кој беше транспортиран во болница во Мадрид, но не преживеа.

Во моментов лекот Zmapp се применува и на неколку пациенти во Западна Африка. Неговата употреба беше дозволена од Светската здравствена организација како “хумано”, иако помина само тестови врз животни.
Покрај 33-годишниот лекар, на истиот третман беше подложена и 59-годишната Ненси Рајтбол, социјален работник, која исто така работеше со заразени со Ебола во Либерија. Според извештаите од претставници на болницата, таа исто така е оздравена и ќе биде пуштена од здравствената установа.
До денес од Ебола зумреле 1350 лица, а над 2000 се заразени, истакна таа.

Претставници на Светската здравствена организација посетуваат два центри за лекување во главниот град на Либерија Монровија, кои се немаат капацитет да го преземат приливот на пациенти.

Во меѓувреме руски научници заедно со странски колеги се надеваат во најскоро време да развијат нов препарат за борба против вирусот Ебола, соопшти рускиот вицепремиер Олга Голодец, цитирана од ИТАР-ТАСС. Подоцна денес за Гвинеја ќе замине осемчленна група од најдобрите вирусолози на Русија, по барање на владата на Гвинеја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1