Македонска државјанка е тешко повредена, а најмалку двајца нејзини пријатели минале со полесни повреди во сообраќајката која утрово околу 8 часот се случила на автопатот Белград-Ниш, извести РТС.
Сообраќајката се случила кога возачот на автомобил „ситроен“ со македонски таблички во еден момент изгубил контрола и удрил во банкина.
Телевизијата извести дека според првичните информации, најверојатно возачот задремал и изгубил контрола.