Македонка повредена во сообраќајка во Србија


Saobracajna-nesreca 250814Македонска државјанка е тешко повредена, а најмалку двајца нејзини пријатели минале со полесни повреди во сообраќајката која утрово околу 8 часот се случила на автопатот Белград-Ниш, извести РТС.

Сообраќајката се случила кога возачот на автомобил „ситроен“ со македонски таблички во еден момент изгубил контрола и удрил во банкина.

Телевизијата извести дека според првичните информации, најверојатно возачот задремал и изгубил контрола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1