Уште едно исчезнато лице во Србија – отишол на работа и оттогаш му се губи траг


Ноќта помеѓу 23 и 24. август без трага исчезнал 33-годишниот Петар Обренчевиќ од своето работно место. Петар работел како келенер на сплавот “Shake’n’shake” во Белград, облечен е во зелена кошула, тексас бермуди и стартки. Висок е околу 180 сантиметри.

Petar-Obrencevic500

Петар пред да исчезне бил на смена од 21:00 до 04:00 наутро. Иако сплавот бил доста посетен, таа ноќ не бил регистриран никаков инцидент.

Од обезбедувањето изјавиле дека Петар не е виден како го напушта објектот.

Колегите започнале активно да го бараат Петар отако не го пронашле ни во една од просториите на сплавот.

Еден од нив посочил дека последен пат го видел Петар по полноќ, односно во периодот од 00:00 до 01:00 часот.

Полицијата веќе започнала истрага. Се претпоставува дека Петар се повредил и паднал од сплавот во водата, но полицијата не го пронашала иако го пребарале целиот терен околу сплавот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1