Две жени повредени во судир на пет возила – мостот Гоце Делчев во Скопје блокиран


Две жени се повредени во верижен судир кој утринава се случи на мостот „Гоце Делчев“ во близина на Владата.

Според информациите од полицијата во несреќата учествувале пет возила, Голф, Мерцедес, Опел Корса, Форд и Пежо, сите со скопски регистерски таблички.goce delcev soobrakjajka

Повредена е жената која го управувала Пежото и истата е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Со повреди се здобила и сопатничка од Голфот која е однесена во Ургентниот центрар. До овој момент други лица не се пожалиле на повреди.

Полицијата извршува увид.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1