Чудесна Македонија: Извршители поделиле една соба во Скопје на 2 сопственици


Една соба поделена на две семејства – едното ќе има 18 квадратни метри, а другото само четири. Таков случај се појави во скопска Ќерамидница.

Извршителите вчера тропнаа на вратата на скопското семејство Цветановски во населбата Ќерамидница, чија дневна соба сега има двајца сопственици, пишува Утрински весник.

Се што семејството поседува сега е сместено во само четири квадратни метри, откако со судска одлука им се одземени останатите 18 квадратни метри од нивната дневна соба. Тие сега им припаѓаат на нивните соседи.

5009DF3B672E78193478EC4ABAFДворот на семејството Цветановски вчера беше преполн со луѓе. Покрај членовите на двете семејство кои се директно засегнати од исходот на овој несекојдневен случај, присутни беа и судски извршители, адвокати, припадници на полицијата и на приватна агенција за обезбедување.

-Тоа е. Дојдоа и кажаа дека ќе извршуваат. И сега ќе се убедуваме дека тука каде што е мојот ѕид некогаш имало врата. Јас тврдам дека врата немало и затоа не знам од каде ќе влезат во собава, раскажува за Утрински весник, Ивица Цветановски додека ги префрла троседот, уметничките слики и компјутерот од едната на другата страна на собата.

Имено, едните сметаат дека доколку се урне ѕидот, кој сега ги разграничува соседите, во прашање го доведува и горниот кат од куќата на Цветановски, а другата страна смета дека со уривањето работите се доведуваат во претходна состојба.

Овој случај досега низ судските лавиринти се влечел цела една деценија. Изминативе месеци семејството живееше во неизвесност, откако на ѕидовите на нивната дневна соба беше обележано до каде ќе се урива нивниот дом. Извршувањето неколкупати досега беше одложувано.

-Имаме судска извршна пресуда и јас, согласно со пресудата, должен сум да постапам. Сега имаме состојба која ја оспоруваат и двете страни. Едните тврдат дека се работи за ѕид кој ја држи куќата, а втората страна го тврди спротивното, појаснува Зоран Петрески, претседател на комората на извршители на Македонија.

Недоразбирањата меѓу семејствата Цветановски и Јакимовски траат безмалку цела една деценија, односно од 2005 година, кога прв пат е поведен судски процес со кој се оспоруваат 18 квадратни метри, односно најголемиот дел од дневната соба на семејството Цветановски кое, по прием на пресудата, преку нивниот адвокат ќе побара повторување на целата постапка, но нивното барање се’ уште чека на одговор, пишува Утрински весник.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1