Апсете ме веднаш!!! Норвешкиот затвор – најубав на светот


Норвешка е позната по својот либерален затворски систем, но ниту на најоптимистичниот криминалец не би му текнало дека тоа е место каде може да се ужива. Еден таков рајски затвор постои на норвешкиот остров Бастој.

Наједноставно кажано, тоа е рај на земјата, а таму казна отслужуваат криминалци и убијци. Ако Бастој воопшто можеме да го наречеме затвор, мораме да напоменеме дека до него се стигнува со траект и дека е одалечен од Осло само 100 километри.

Престапниците живеат во удобни колиби, современо опремени, се занимаваат со риболов, градинарство, а на лето си се сончаат на плажа. Имаат тениски терени, сауни а своите роднини смеат сами да ги пречекаат на пристаништето.

Кога ќе стигнете на островот веднаш сфаќате зошто криминалците не сакаат да побегнат од таму.

 

Наместо во мрачни ќелии, околу 115 затвореници живеат во слатки куќарки обоени во пријатни бои.Секој поседува клуч од својот кварт, за да може да се шета кога ќе посака.

Но знаете ли што нема на островскиот затвор? Нема вооружени стражари  и бодликави жици кои би ги спречувале затворениците да побегнат. А сите тука “лежат“ за убиства, продавање дрога, силување и други тешки дела.

Идејата на затворот во Бастој е да им наметне на своите затвореници мислење дека животот е убав и дека треба да се живее според одредени морални начела, и верувале или не, овој метод се покажал како успешен.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1