Видео: Не се бањал цели 38 години бидејќи свештеникот му рекол дека на тој начин ќе добие син


Кајлаш Синг сега има 65 години, а не се избањал ниту потстрижил од 1974 година, односно откако се оженил.

Објаснувајќи ја својата необична одлука, Синг вели дека свештеникот му гарантирал дека ќе добие син доколку избегнува сапун и вода.

И покрај тоа што комшиите му се потсмеваат на тоа дека е вистинска среќа тоа што успеал да ја наговори сопругата да имаат деца, гаранцијата на свештеникот сепак била без покритие. – Синг добил седум ќерки.

Денот му поминува работејќи на нива и грижејќи се за кравите на температура од 47 степени Целзиусови, а секоја вечер пуши марихуана и се моли и му се моли на хиндуистичкиот бог Шива.

Неговото семејство на кое навистина не му одговараат миризбите на Кајлаш велат дека еднаш дури и се обиделе да го турнат во потокот.

– Не турна сите и избега, вели неговата храбра жена Калавати Деви која има 60 години.

– Вели дека побрзо би умрел отколку да се бања и дека единствено син би можел да ја промени неговата одлука. Поминаа толку многу години, па потполно се навикнав на неговата смрдеа, вели сопругата.

Сепак не се сите во семејството против одлуката на Кајлаш. Најмладата ќерка Поја која има 16 години вели дека поради татко и станала многу популарна на школо.

– Моите другари од класот сакаат да го запознаат татко ми. Постојано ме прашуваат како може да живее толку долго, а да не се бања и сакаат да се уверат со сопствени очи, вели таа.

– Кога е вака топло, се туширам барем два пати во денот, но тој не сака ниту еднаш. Не знам како опстанува, вели Поја.

Кајлаш не е многу загрижен за тоа колку му смета на другите. Тој единствено што прави е тоа што повремено ги мие само рацете и устата.

– Немам син па поради тоа никогаш повеќе нема да се избањам. Можеби во следниот живот, вели тој.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1