Се подготвува невреме – Пелагонија во жолта фаза!


Последниот ден од август за оваа година ни носи локална дестабилизација доцна попладне и рано навечер. Поголема можност за развој на облачност која локално ќе донесе повремен дожд и грмежи ќе има во западната половина од земјата, како и во близина на планинските региони во источното подрачје.

mk-140901-720x340Додека пак минималната температура ќе биде во границите од 14°С до 20°С, а максимална температура околу 30°С се очекува во северната половина на земјата и во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток до 33°С, а вредноста на УВ индексот ќе биде 7.

Во Охридско-Преспанскиот се очекува сончево време со умерена облачност попладне, кога ќе  услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе достигне околу 29°С.

Посилни електрични празнења се најавуват во Пелагонија, за каде Метеоалармот издаде предупредување во жолта фаза.

Setaliste.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1