Цел Холивуд се моли за неа – Џоан Риверс на апарати за оддржување во живот


Американските медиуми наведуваат дека американската комичарка Џоан Риверс се наоѓа на апарати за оддржување во живот во една болница во  Њујорк.

djoan riversСостојбата на осумдесетедногодишната комичарка и водителка на емисијата „Fashion Police“, која по операцијата на грлото престана да дише и затоа е доведена во индуцирана кома, не се поправи, а таа се наоѓа на апарати за оддржување во живот.

Нејзиното семејство во следните денови ќе мора да донесе тешка одлука дали ќе ја заддржи на апаратите или ќе ја исклучи.

-Семејството негува надеж  дека Џоан ќе се избори за сопствениот живот и можеби самата ќе почне да дише доколку ја исклучат од апаратот, наведува извор за „ТМЗ“.

Контроверзната водителка престана да дише по рутинската операција на гласните жици во една приватна клиника во Њујорк.

Ѕвездите, како што се Чарли Шин, Кортни Лав, Елен Деџенерис, Лари Кинг и многу други на социјалните мрежи се молат за нејзиното заздравување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1