Горан Пандев од денес и официјално е нов член на Галатсарај, а медиумите ги објавија и деталите од неговиот договор со тускиот гигнат.
Пандев во претстојната сезона ќе ја добива речиси истата плата која му беше договорена и во Наполи. Нашиот фудбалер ќе заработува 2,3 милиони евра годишно, плус дополнителни бонуси и премии за успеси во турскиот шампионат и во Лигата на шампионите.
Во договорот на Пандев има и клаузула според која доколку напаѓачот оствари 29 настапи како стартер во дресот на Галатасарај, во сите натпреварувања, договорот автоматски ќе биде продолжен за уште една наредна сезона.