Поројните дождови, ги наполнија со вода подрумските присторири на битолската клиничка болница „Др. Трифун Пановски“.
Дел од пациентите што биле во болницата, велат дека станува збор за високо подземје каде што се сместени дневните амбуланти за ехо прегледи, гастроскопија , а таму е сместен и апаратот за магнетна резонанца. Пацинетите мораа да минуваат низ водата за да направат прегледи, амбулантите не беа затворени. А секој од пацентите мораше да го испочитува мојот термин, раскажуваат пациентите.
Од службите за информирање на болницата велат дека нема простор за паника бидејќи поплавувањето на подрумските простории е вообичаено при поројни дождови. Но како што тврдат водата од поплавените ходици се абсорбира за неколку часа.
Инаку не беа поплавени денска во битола само простории во болницата. Туку и подрумите во неколку училишта како и институции во градот.
Foto – Fokus