Исламската држава погуби уште еден новинар. Новата жртва е Стивен Сотлоф. Снимката од егзекуцијата е објавена на интернет. Објавена е од сајтот SITE Intelligence Group, кој ги следи активностите на исламистите.
Радикалните исламисти убија и втор новинар во Сирија. На снимката се гледа како маскирана личност му ја отсекува главата.
Столоф беше киднапиран во август минатата година. Исламската држава, истовремено се закани дека ќе го убие и Дејвид Хејнс, кој исто така е киднапиран во Сирија. Во текот на војната фво Сирија убиени се најмалку 70, а киднапирани 80 новинари.