По 7 години битка – Гевгеличанката Спаска Митрова ја зема ќерката во Бугарија


По седум години судско- политичка битка во која за проблемот се дебатираше дури и на ниво на премиери, меѓу македонскиот Никола Груевски и бугарскиот Бојко Борисов, ќерката на гевгеличанката Спаска Митрова, Сузана, деновиве е со мајка и во Бугарија. Тие биле заедно во Рилскиот Манастир.

Screenshot_57Инаку, како што соопшти на Фејсбук поранешниот европратеник од Бугарија Димитар Стојанов, кој на гевгеличанката и помагаше да го води случајот против сопругот, Спаска Митрова го добила решението од Основниот суд во Гевгелија со кое и се враќа родителското право врз ќерката Сузана.

Таа се надева дека нема да се повтори сценариото од пред две години, кога по одлуките во нејзина корист, кои ги донесоа Основниот суд во Гевгелија и Апелацискиот во Скопје, таа со одлука на Врховниот суд го загуби старателството над нејзината ќерка, а одгледувањето на девојчето му беше доверено на нејзиниот татко Воислав Савиќ.

Митрова обвини дека детето и е одземено затоа што таа по националност се декларирала како Бугарка, обвинувајќи дека е жртва на репресија на национална основа.

извор: Први

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1