Братот на Даниела: Толку беше искасапена, што не ја препознав


Во неделата беше погребана Даниела Ловаш (43) која нејзиниот сопруг Александар Кустуриќ ја уби со сатар во нивниот семеен стан во Нови Сад.

Братот на Даниела смета дека Александар со кој како што кажува бил во одлични односи, Даниела ја убил со умисла и ова злосторство го планирал околу 40 дена, колку што беше одвоен од сопругата и од својата петгодишна ќерка.

daniela-Тој не покажуваше никаков знак на агресивност и бил во тешка депресија откако пред две години ја изгубил работата, но депресијате не може да го објасни ова ужасно злосторство што и го направи на Даниела. Јас го земав телото на мојата сестра од Институтот за судска медицина во Нови Сад, не можев да ја препознаам бидејќи беше премногу искасапена. Ладнокрвно ја уби жената која му роди дете и беше пожртвувана мајка и сопруга, која работеше од утро до мрак и која се бореше да го сочува бракот, а во ниеден момент таа не го осудуваше што тој не работи. Сигурен сум дека 40 дена, колку што беше отсутен од својот дом го мислел ова злосторство, рекол братот на Даниела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1