ВНИМАНИЕ: Од овие чешми во Скопје не смеете да пиете – најдена опасна бактерија


Агенцијата за храна и ветеринарство изготви анализа и донесе решение за забрана за употреба на водата за пиење од општина Центар и тоа:

cesmaЈавна чешма – Жичара – Средно Водно;

Јавна чешма – преливна цевка – Средно Водно;

Јавна чешма – под Свети Јован – Капиштец и

чешма – двор – шумска куќа – Средно Водно.

Во водата по лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на Escherihia Coli.

Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата.

Општина Центар напоменува дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП “Водовод“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1