Др. Смрт – лекарот кој пресадуваше органи во Косово, лоциран во Амстердам


Турскиот лекар Јусуф Сонмез, кого го нарекуваат Др.Смрт бил лоциран во Амстердам.

DR-SMRTБлагодрение на сведок сорботник, Обвинителството за воени злосторства го лоцирало во Амстердам, пренесува Курир.рс.

Др.Смрт  е обвинет за киднапирање на Срби во Косово и Метохија на кои подоцна им ги вадел органите.

Веќе со години Интерпол по него има распишано потерница, а српското обвинитеслтво со Др.Смрт стапило во контакт преку електронска пошта, претставувајќи се дека се заинтересирани за купување на бубрег.

slike-srbija-6-medikus_725484774Еулекс ѝ нареди на холандската полиција под итно да го пронајде турскиот лекар Јусуф Сонмез, првообвинетиот во случајот „Медикус“, кој веројатно ќе му биде предаден на Косово, пишува денешен „Курир“.

Весникот наведува дека Холанѓаните ги вложуваат сите напори да го уапсат Сонмез, кого српското Обвинителство за воени злосторства минатата недела го лоцираше во Амстердам.

-Др Сонмез, кога ќе биде уапсен, најверојатно ќе му биде предаден на Косово, бидејќи таму се води постапката  против него и тој во „случајот Медикус“ – нелегалната трговија со органи – ќе биде првиот обвинет, изјави извор на весникот и додава дека нема основ „докторот на смртта“ да му биде предаден на Турција, бидејќи таа земја и не го бара.

„Курир“ наведува дека од Еулекс добил одговор дека се „свесни за медиумските написи дека Сонмез се наоѓа во Амстердам, а весникот пишува и дека главниот обвинител на Еулекс, Џонатан Рател, вчера бил во постојан контакт со српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.

Овинителството за воени злосторства вчера соопшти дека на Рател му ги доставило сите информации со кои располага за турскиот лекар Јусуф Сонмез, откако, со помош на сведоци соработници, минатата недела го лоцирало во Холандија, во  Амстердам.

organ-traffickingЈусуф Сонмез, кој се наоѓа на потерница на Интерпол, е првообвинет во случајот „Медикус“, а во  постапката пред судот во Приштина му се суди во отсуство, се наведува во  соопштението на Обвинителството за воени злосторства. Во истиот процес што се води заради нелегална трансплатација со органи на клиниката „Медикус“, кај Приштина, Љутфи Дервиши и неговиот син, се осудени на осум, односно седум години и три месеци затвор.

Сонмез беше уапсен на почетокот на јануари 2011 година во Истанбул, но набрзо по сослушувањето беше пуштен на слобода со образложение дека има уредно пријавен престој.

Клиниката „Медикус“, затворена 2008 година, се споменува во  извештајот на Советот на Европа во кој се наведува дека припадниците на ОВК тргувале со органи на заробеници во текот на судирот во 1999 година на Косово.

Врз основа на сознанијата на Обвинителството за воени злосторства, Сонмез учествувал во трансплантацијата на органи на грабнати Срби, Роми и нелојални Албанци во „Жолтата куќа“ во Косово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1