ФОН: Камбовски заминува во пензија, а Савески не е отпуштен


Универзитетот ФОН со резигнација ги отфрла наводите на професорот Здравко Савески дека добил отказ.

Точен е фактот дека изминатиов период нашиот универзитет, заради сплет на околности и не по наша вина, се соочи со одредени финансиски потешкотии. Како резултат на тоа, мала група на вработени спроведуваше штрајк согласно нивните законски права и тоа нивно право беше почитувано. Во меѓувреме, управата на универзитетот, заедно со останатите своите вработени, посветено работеше за да се надмине овој проблем и изнајде  решение.

fon profesorШто се однесува до наводите на професорот Савески за добивањето отказ, истите ги отфрламе како неточни. Веродостојноста на ова наше тврдење може непосредно да се провери токму кај самиот професор. Имено, тој нема да овозможи да се направи увид во  „отказното решение“, од причина што такво не постои. Единствено што е факт кој не го спориме е дека на професорот Савески, во вербална комуникација му е предочено дека се констатирани неговите неисполнувања на основните педагошки обврски и активности насочени против интересите на институцијата и студентите, со што прекршува повеќе законски одредби.

Во оваа прилика сакаме да потенцираме дека универзитетот е установа која врши услуги од јавен интерес. Како таква, дури и во услови на штрајк, нејзините вработени имаат законска, но и морална  обврска кон своите студенти како корисници на тие услуги, истите да ги сервисираат.  Професорите и асистентите кои, согласно Законот за високо образование се даватели на јавни услуги, се должни во остварувањето на правото на штрајк да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на институцијата и неопходното ниво во остварувањето на правата и интересите на граѓаните и на правните лица.

fonНие стоиме зад принципот дека е недопустливо целата академска заедница на универзитетот да се стави во позиција да биде заложник на било кој поединец кој, манипулирајќи ги законите, со постапките за „остварување на сопствените права“  да им ги нарушува правата на останатите, а најповеќе на студентите. Следствено на ова, ја информираме јавноста дека нашиот универзитет, како општествено одговорна институција, преку правните механизми ќе ги преземе сите неопходни мерки за да го заштити својот углед и интересот на своите студенти од амбициите и малициозни ставови на поединци кои со своето однесување покажуваат дека припаѓаат на некоја заедница, која не е академската.

Дополнително, осврнувајќи се на шпекулациите пласирани во одредени медиуми дека Ректорот Камбовски го напуштил универзитетот, сакаме да истакнеме дека Академик Камбовски согласно законот заминува во пензија. Тој, на општо задоволство, останува на универзитетот во советодавна улога.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1