Славната брачна двојка ги продаде фотографиите на магазините People и Hello, седум дена откако на 23-ти август се венчаше во Франција.
Наводно двата магазини морале да се здружат за да ја соберат сумата за ексклузивните фотографии.
Гламурозната холивудска двојка се венчаше на својот дворец во Миравал на југот на Франција, на приватна церемонија на која присуствувале само најблиските. На свадбата секако биле присутни нивните шест деца.
Бред Пит (50) претходно беше во брак со актерката Џенифер Анистон, а Џоли (39) беше мажена за Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон.