Џоли и Пит ги продале фотографиите од свадбата за 2 милиони долари


Славната брачна двојка ги продаде фотографиите на магазините People и Hello, седум дена откако на 23-ти август се венчаше во Франција.

Наводно двата магазини морале да се здружат за да ја соберат сумата за ексклузивните фотографии.

angelina-i-bred-02Гламурозната холивудска двојка се венчаше на својот дворец во Миравал на југот на Франција, на приватна церемонија на која присуствувале само најблиските. На свадбата секако биле присутни нивните шест деца.

Бред Пит (50) претходно беше во брак со актерката Џенифер Анистон, а Џоли (39) беше мажена за Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1