До кога македонскиот возач ќе ја плаќа зелената карта?


Земјава е меѓу ретките земји во Европа која плаќа висока цена за осигурување од авто-одговорност.

– Зошто Р. Македонија не е потписничка на мултилатералната спогодба (multilateral agreement)?

– Кого штити Владата на РМ, Националното биро за осигурување на РМ и Агенцијата за супервизија на осигурителните компании?

– Кога ќе се укине и кај нас зелената карта?

zelen karton kolaЗа патување со автомобил на српските возачи веќе не им е потребен зелениот картон за влез во 28-те државите на Европската унија ниту пак за, Швајцарија, Норвешка, Исланд и Андора. Единствено овој документ им треба за Македонија и Босна.

Од државите во регионот зелен картон им е потребен за влез во Македонија и Босна, бидејќи овие држави не се потписнички на Мултилатералната спогодба. Имено, веќе од 01. 01. 2012 година Србија е членка на Мултилатералната спогодба по која за патување со автомобил во наведените земји е доволно да се поседува регистарска ознака, односно налепница.

За влез во Црна Гора на Србите исто така не им е потребен зелен картон со кој се регулира осигурување на возилото, бидејќи Здружението за осигурување на Србија и Националното биро за осигурување на Црна Гора имаат потпишано посебна спогодба со која е прифатен принципот на регистарска ознака. Од 01. 01. 2012 година Србија и уште 33 земји пристапија кон Потсистемот на регистарски ознаки, – спогодба која важи за сите земји на Европската унија, освен за Русија.

Со оваа Одлука Србите, кои во летниот период најчесто патуваат за Грција, доколку одат преку Македонија, ќе мора да платат за зелен картон 2000 динари или околу 18 евра, со тоа што картонот важи за цела година (додека за државјаните на Македонија чини 90 евра, како е можно ова?).

zelena karta kolaЗа возачите од земјава и натаму за излез од државата во кој било правец на светот, неопходно е поседување зелена карта, чија цена на 01. 09. 2011 година каде според Владата, наводно беше намалена, (во начело – ДА, беше намалена за автобусите и товарните моторни возила, додека пак кај патничките моторни возила – тоа е само вешт привид, ако логично се размисли).

За патничко возило до 66 киловати е 60 евра, а за оние над 66 киловати е 90 евра, а за товарни возила е 280 евра. До неодамна цената беше 40 евра за еден месец, до 150 евра за една година, а за товарните возила 450 евра за една година. Сега направете споредба, дали за едно патување најчесто кое го правиме за годишен одмор одмор или неколку патувања во рок од месец – два за викендите на шопинг, треба да ја платитепогоре наведената цена, при што колективно не убедуваат дека цената е намалена на чинење на зелената карта.

Неопходноста од поседување на Меѓународна карта за осигурување – ткн. „ЗЕЛЕНА КАРТА“ останува во сила за возила кои се наоѓаат на територија во следните земји:

• Русија, Белорусија, Украина, Молдавија, МАКЕДОНИЈА, Мароко, АЛБАНИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, Тунис, Турција, Израел и Иран.

zelena karta mapa

ШТО Е ЗЕЛЕНА КАРТА?

ЗЕЛЕНАTA КАРТА е полиса која се употребува во преку 40 земји (за граѓаните на Македонија) во Европа. Со зелената карта се обезбедува покритие до минималните суми за секоја штета која ќе биде причинета со возилото на кого гласи истата. Зелената карта Ви е неопходна за да бидете заштитени доколку Вие сте учесник и виновен за некоја сообраќајна незгода и настанат било какви штети предизвикани со Вашето возило на територијата во посетената земја

tur-granica_620x0ПОКРИТИЕ НА ЗЕЛЕНА КАРТА?

Било какви штети на трети лица:

• материјални штети (оштетено странско возило, објект на патот …)

• нематеријални штети (повредени и погинати лица).

КОЛКУ ЧИНИ ЗЕЛЕНА КАРТА?

Време траење: 1 година

– патнички моторни возила до 66kw – 3,690 МК денари

– патнички моторни возила над 66kw – 5,536 МК денари

– товарни возила – 17,222 МК денари

– комбинирано – 9,656 МК денари

www.visokioktani.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1