Генералниот директор на мобилниот оператор „Оне“, Цирил Кафол, го прифати предизвикот да се вклучи во хуманитарната акција за собирање средства за болните од амиотрофична латерална склероза и да се полие со кофа со ледена вода, откако за ова го номинираше директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски.
Кафол следни да се полијат со ледена вода ги повика пејачите Каролина Гочева, Аделина Тахири и Слаткар.