Европската економија стагнира. Застој во стопанството, пад на цените, невработеност на двоцифрено ниво, се поголеми долговите на земјите- членки. Ситуацијата во еврозоната е кревка. Европскиот завод за статистика објави нулта стапка на раст во вториот квартал, очекувања БДП да биде скромни 0,9, в година 1,6, пренесува МТВ .
Шок за светските финансиски пазари. Наместо заздравување, на повидок е нова мини криза. Пад на германската економија. Бруто домашниот производ се намали за 0,2 проценти во последното тромесечје. Франција е проблематична иако воведе радикални мерки. Се влошува состојбата и во Италија. Европската централна банка ги намали каматите на рекордно ниво, ги зголеми за банките што чуваат пари. Бара чаре како да инјектира дополнителни средства во заспаната економија.
„Неколку фактори како високата невработеност, слабиот раст на кредитирање и приспособување на билансот на состојбата ќе го обеменат закрепнувањето во еврозоната. Ги повикувам земјите да ги засилат структурните реформи. Некои направија голем напредок, но некои се уште не ги спровеле потребните мерки“, изјави Марио Драги, претседател на Европската централна банка.
Подршка од меѓународните монетарци за последните мерки на Европската централна банка.
„Срдечно ги поздравуваме мерките на Европската централна банка кои ќе помогнат на опасноста од долготрајна ниска инфлација“, изјави директорката на ММФ Кристијан Лагард.
Во меѓувреме пад на еврото во однос на доларот за речиси 1 отсто. Заедничката валута е на најниско ниво последната година. Централанта банка најави дека ќе ги следи ризиците што се закануваат на среден рок. Домашните економисти предупредуваат дека се можни минимални последици и врз македонската економија, која досега имаше најдобри резултати во регионот и пошироко.