200 години стар домашен лек на семејство од Штип лекува Жолтица ?


200 години стариот семеен лек направен по семеен рецепт пренесуван со генерации во семејството Стојанови, денеска пред камерата на Канал пет, 70 годишниот штипјанец Никола, тврди, тоа е вистинскиот, ефикасен лек за жолтицата или Хепатитот А.

– Лекот се состои од лимон, мед, матичен млеч, и јајце, не жолчката-секако, но белката. Таа комбинација кога правиолно се искомбинира и подготви се добива лековита течност, нешто налик на компот, објасни Никола Стојанов – пензиониран професор.

med444

Моќноста на лекот не стивнува ако заболениот го користи во поодминат период од боледувањето, но нашиот соговорник се согласува дека секогаш најдобрите резултати и скратување на времето на лекување ги има ако лекот се користи навреме.

– Додека трае инкубацијата на жолтицата, лекот во потполност ја уништува, само ако правилно се земаат дозите. Една трае десет дена, а обично се земаат три, изјави Стојанов .

Пензионираниот професор по македонски јазик ни открива- лекот за жолтицата е мегу нас, како кај животинскиот, така и растителен свет.

– Од животинско потекло најдобро е да се зема пресното козјо сирење, но посебен начин обработено, како и млекото, а од растенија, белиот и црвен кантарион, невенот, од зеленчукот, доматот е ефикасен, ротквата. Од овошјето сушените бадеми, искоментира нашиот соговорник.

Нема скептицизам кај епидемиолозите и инфектолозите во она што го нуди алтернативната медицина. Денеска за Канал пет, тие се единствени во оценката. Кога се работи за болест, што бара витаминска терапија, и алтернативните лекови се доброедојдени во постигнување на заедничката цел.

Епидемијата, која трае нешто повеќе од две недели, да не зема поголем замав како во време , така и во бројот на новозаболени.

Во овој прилог одат и денешните бројки соопштени од штипскиот Центар за Јавно здравје. 56 заболени и 22 хоспитализирани е тренд на бавно но сигурно стивнување на жолтицата во Штип

Kanal5

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1