Албанец се јавил во црквата – Дрвокрадци ги соголеа гробиштата


Дрвокрадци деновиве направиле вистински пустош кај дебарските православни гробишта, каде што исекле околу 50 кубни метри багрем и липа. Тие можеби и ќе продолжеле со нелегалната сеча ако совесен граѓанин-Албанец не се јавел кај член на Црковниот одбор известувајќи го дека се слуша звук на моторна пила за сечење дрва.

debar

– Благодарение на дојавата, дојдовме и видовме што направиле вандалите. Според првичната процена, украдени се најмалку 50 кубни метри дрва. Главно станува збор за багремови дрвја, но има и липа. Можам само да се помолам на Бога тој да ги казни овие несовесни граѓани – вели револтирано намесникот на дебарската парохија, Благоја Спироски, додека ни покажуваше каде биле активни дрвокрадците.

Според тоа што можеше да се забележи на терен, најверојатно, станува збор за неколкумина, кои со крупен добиток, најверојатно коњи, ги транспортирале дрвата. Трагите на местото с` уште беа видливи. Тие ги зеле само стеблата, додека гранките се оставени на, па гробиштата дополнително изгледаат неуредно. Засега не се знае дали има оштетени гробни споменици зашто се покриени со гранки.

– Се молам барем да нема оштетени надгробни споменици. Случајот го пријавивме и во полициската станица во Дебар и во шумската полиција. Се надевам дека крадците ќе бидат откриени. Планиравме да се исчистат гробиштата и дрвата да ги продадеме за да можеме да ги уредиме, но, ете, крадците н` престигнаа – вели Спироски. Kога бевме на местото, сретнавме помала група православни, кои беа дојдени на помен на свој роднина. Тие беа згрозени од ваквиот чин. – Вчудовиден сум, како може да влегуваат во вакво, за мене, свето место. Дојден сум за помен на роднина. Малкумина сме православни, доаѓаме тука за празник или за помен. Kражбата на дрва е во долниот дел на гробиштата, каде што главно се гробни споменици, чии блиски живеат во други градови во земјава, има многу дрвја и местото е подзаскриeно. Срам да им е и арам – вели педесет и деветгодишниот Вељо Тодоровски.

E06B82509C0B8B49A22C8B8ADB05E902И тој и другите верници, но и намесникот тврдат, а и дебрани знаат, дека досега вакво нешто не се случило. Меѓусебното почитување, по кое се познати жителите од овој крај, е на високо ниво. Дури има и примери кога исламските верници донирале материјал за изградба на куќичката во просторот на гробиштата, која се користи за промени, базенот во дворот на црквата „Света Петка“, во кој се фрла светиот крст, но и за санацијата на оваа црква пред повеќе години. Поради с` помалиот број православни верници, Дебарската парохија има с` помали приходи. Од локалната власт им е ветено дека ќе им бидат донирани бекатон-плочки за да се направи патека од почетокот до крајот на гробиштата

– Наидовме на големо разбирање кај градоначалникот Ружди Љата. Бекатон-плочките и песокот ни се од локалната власт, а ние треба да ја обезбедиме работната рака и планиравме пополека да го уредиме просторот. Оваа активност, сепак, ќе ја продолжиме, се надеваме и на помош од дебрани, кои живеат во други градови, пред с`, во Скопје, кои имаат бизниси и може да си дозволат да одвојат средства за оваа намена – се надева Спироски.

Kрадците кампувале неколку дена

Дека дрвокрадците тука престојувале најмалку неколку дена потврдуваат и остатоците од пластични шишиња за вода и сок, како и остатоците од храна. Од полицијата го потврдија случајот и најавуваат дека интензивната истрага со шумската полиција набрзо ќе резултира со расветлување на случајот.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1