Доктор смрт се фалел на „Фејсбук“ со своите злосторства


Турскиот лекар Јусуф Сомнез, или „доктор смрт“ и „балканскиот касап“, како што го нарекоа медиумите, бидејќи им вадел органи на киднапираните Срби во Косово и Метохија во 1999 година, не само што не се кае, туку со своите злосторства се фали на социјалните мрежи, пишува српскиот весник „Курир“, пренесува Нетпрес.

Сомнез, по кого веќе со години Интерпол има распишано потерница, за време додека е во бегство е активен на Фејсбук, каде редовно споделува новинарски текстови за него и за неговите злосторства, во кои е означен како „доктор смрт“.

doktorsmrt-630x425

Лоциран во Амстердам

Српскиот весникот успеал да дојде и до фотографија од Сомнез, снимена неодамна. „Курир“ ексклузивно објави пред три дена дека „доктор смрт“ е лоциран во Амстердам, Холандија, по што Еулекс го „кренал Интерпол на нозе“ и холандската полиција тргнала во потрага по него. Повикувајќи се на сопствени неофицијални извори, весникот пишува дека холандската полиција го држи на око Сомнез и се очекува тој да биде уапсен во следните неколку дена, по што треба да им биде испорачан на косовските власти.

DR-SMRT

– Таму се водеше постапка против него. Тој во случајот „Медикус“, кој опфаќа нелегална трговија со човечки органи, е првообвинет, изјавил за „Курир“ неименуван извор, и дополнил дека нема никаква правна основа „доктор смрт“ да и’ биде испорачан на Турција, бидејќи таа држава и воопшто не го бара.

-Напротив, тој побегна во Турција од Јужна Африка, каде направи болница за трансплантација на органи.

Крвав до лактите

Во случајот „Медикус“, косовскиот суд осудил пет лица досега, додека на Јусуф Сомнез и на Моше Харел им се судело во отсуство. Тој бил уапсен во Истанбул, во јануари 2011 година, но по сослушувањето бил ослободен. Според исказ на заштитен сведок-соработник, Сомнез учествувал во трансплантација на органи од киднапирани Срби, Роми и недоволно лојални Албанци. Својата дејност ја објавувал во т.т. Жолта куќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1