Вознемирувачко фото: „Ми го изгореа детето во болница“


За време на престојот во една белградска детска клиника Алекса Шпировиќ се здобил со изгореници на вратот.

Родителите го однеле бебето во болница поради температура. Во саботата навечер Алекса почнал да се гуши, па поради тоа итно бил пренесен во болница.

izgorele bebe vo bolnica

На вознемирувачката фотографија се гледа детето која има голема изгореница во пределот на вратот која, според зборовите на мајката, настанале поради невнимание на медицинскиот персонал.

За време на прегледот добил уште еден напад и температурата му се качила на 40 степени, поради што е задржан на интензивна нега. Таа вечер не ја поминал со мајката, пренесува српски „Блиц“.

За ситуацијата да биде уште полоша, мајката од детето нагласи дека медицинскиот персонал и премолчил за новонастанатата повреда на бебето, како и дека наместо објаснување за тоа што навистина се случило, добила многубројни изговори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1