Трогателна приказна: Мојата сестра близначка ги роди моите близнаци


После две години неуспешни вонматерични оплодувања, 36-годишната Памела Пејвон речиси ја изгубила надежта дека ќе има деца. А тогаш, нејзината сестра Стефани се понудила да и` биде сурогат мајка. Стефани на 28-ми април и` родила две ангелчиња на својата сестра, едно момче и едно девојче.
bliznaci33

Памела и Стефани биле нераздвојни од мали нозе. Двете завршиле ист факултет и денес се учителки во Њујорк. Памела многу сакала да има деца, но кога сфатила дека нема да ги добие по природен пат, се одлучила за вештачко оплодување. Две години се обидувала, но сепак не успеала да остане трудна.33 blizn

Кога мислела дека нема веќе надеж, нејзината сестра Стефани се понудила да и` биде сурогат мајка. Памела била воодушевена.

После советувања со докторот и тестови на крвта поради проверка на општото здравје, процедурата била направена. Две недели подоцна е направен тест и е откриено дека Стефани е трудна.

bliznaci1-480x324

„Не можев да поверувам кога слушнав. После сите мои разочарувања, не верував дека тоа навистина се случува“, раскажува Памела.

„Денес конечно знам какво е чувството да се биде мајка. Славевме со другите и ги сакавме нивните деца, но ова е целосно поинакво чувство.

Немам доволно зборови за да и` се заблагодарам на мојата сестра за ваквиот подарок“, вели Памела.

blizn-480x480

Tocka.com.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1