Памела и Стефани биле нераздвојни од мали нозе. Двете завршиле ист факултет и денес се учителки во Њујорк. Памела многу сакала да има деца, но кога сфатила дека нема да ги добие по природен пат, се одлучила за вештачко оплодување. Две години се обидувала, но сепак не успеала да остане трудна.
Кога мислела дека нема веќе надеж, нејзината сестра Стефани се понудила да и` биде сурогат мајка. Памела била воодушевена.
После советувања со докторот и тестови на крвта поради проверка на општото здравје, процедурата била направена. Две недели подоцна е направен тест и е откриено дека Стефани е трудна.
„Не можев да поверувам кога слушнав. После сите мои разочарувања, не верував дека тоа навистина се случува“, раскажува Памела.
„Денес конечно знам какво е чувството да се биде мајка. Славевме со другите и ги сакавме нивните деца, но ова е целосно поинакво чувство.
Немам доволно зборови за да и` се заблагодарам на мојата сестра за ваквиот подарок“, вели Памела.
Tocka.com.mk