Што се случува со Земјината озонска обвивка? сама почнала да се обновува


По неколку години трошење, озонската обвивка почнува да се оправа, стои во извештајот на ОН објавен во средата.

Научниците истакнуваат дека опоравувањето е резултат на глобалната акција, односно Протокол од Монтреал од 1987 година со кој е забранета употреба на хемикалии кои  штетат на озонската обвивка.

zemjaОзонската обвивка не штити од Сончевите зраци кои предизвикуваат рак на кожата, а Еколошкиот програм на ОН подразбира дека протоколот до 2030 година ќе спречи два милиони случаи на рак на кожата по година.

Извештајот на ОН освен тоа истакнува дека дупката која се појавила во обвивката над Антартикот престанала да расте. Иако се уште не се намалува, се смета дека ќе поче да се намалува за десетина години.

-Меѓународната акција околу озонската обвивка е голема еколошка приказна за успех. Ова би требало да не поттикне да покажеме исто ниво на итност и единство и да се позанимаваме со уште еден поголем предизвик климатксите промени – рекол главниот секретар на Светската метеоролошка организација Мајкл Жарауд, стои во извештајот на ОН.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1