Робот ќе и помага на војската да ги пронајде непријателите, пронаоѓа и бомби но, може да се користи во градежништвото и да испитува цевки. Токму овој робот на седмооделенецот Матеј Предовиќ му донесе прво место меѓу стотина учесници на олимпијадата по роботика во Зрењанин.
Имаше многу голема конкуренција како твојот робот го освои првото место на Олимпијадата на роботика во Зрењанин?
„Мојот робот го освои првото место бидејќи беше најинтересниот и најдобриот робот таму. Роботот и служи на војската , треба да и помогне да ги најдат непријателите, исто така и за научниците да испитуваат опасни животни. Потоа за да се пронајдат бомби под коли, за градежништвото , да ги испитуваат цевките. Роботот инаку го конструирав за шест месеци, истакна седмооделенецот Матеј Предовиќ.
Во Видеото погледнете го целиот разговор на Љупка Камчева со Матеј Предовиќ и неговиот професор Лазе Смилевски.
Канал 5