Има нешто волшебно во моментот кога ќе пристигнете во гратче за кое дотогаш не сте чуле и веднаш ќе останете маѓепсани од неговата убавина и гостопримство.
Вака ја започнува својата репортажа известувачот на Јаху травел, кој пренесува искуства од своите патувања ширум светот.
-Сум бил на многу места, но за Охрид во Македонија не знаев апсолутно ништо. Таму стигнав пред неколку недели и се изненадив од тоа што го најдов. Охрид го нарекуваат балкански Ерусалим, затоа што порано во него имало 365 цркви – по една за секој ден од годината. Таму пристигнав со чамец. Најубав начин за уживање во убавините на Охрид е прошетка низ неговите улици, вели известувачот.
Во својата репортажа, тој ги претставува убавините на нашиот балкански бисер, туристичкиот центар Охрид.
Целосната репортажа и пофалните зборови кои ги упатува на нашата земја и нејзините убавини можете да ја прочитате ТУКА во оригинално издание.
Kurir.mk