Лекарите на тема – откажување на бубрезите по операција


Трето по ред собрание на тема „Акутна бубрежна инсуфициенција на одделите за интензивно лекување“ ќе се одржи денска во организација на Здружението за кардиоваскуларна хирургија на Република.

Целта на овој собир е да се презентираат последните новини и можности во лекувањето на акутното бубрежно затајување, како и можностите за превенција на прогресијата кон хронично бубрежно затајување и дијализен програм.rbet lekar

Оваа проблематика ќе биде разгледувана од страна на реномирани домашни и интернационални експерти како што е др Каи Херенски – медински директор на истражувачката програма и медицински директор на Гамбро болницата во Минхен, реномирани предавачи од Клиниката за Нефрологија и КАРИЛ при Медицинскиот Факултет Скопје, претставници од здружението Нефрон, како и предавачи од здружението за кардиоваскуларни заболувања. Дискусијата ќе се води не само од стручно-медицински аспект туку и од социоекономски.

Ќе се дискутира за причините, за подобра превентива, нови начини на лекување и како да се спречи да прерасне во хроничен проблем, што е ново во светот и што се применува во Македонија.

Акутната бубрежна инсуфициенција, или скратено АБИ, е ненадејно губење на способноста на бубрезите да ја вршат нивната основна функција – елиминирање на вишокот течности и електролити, како и отпадниот материјал од крвта.

Акутната бубрежна инсуфициенција може да биде фатална и бара интензивен третман. Но таа може да биде реверзибилна состојба. Ако пациентот е во добра здравствена состојба, тогаш големи се шансите при навремено реагирање да се поврати нормалната бубрежна функција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1