За што најчесто се нервираме?


Во денешно време, сите имаме брзо темпо на живеење, кое е наметнато од модернизацијата на овој век, поради што стресот на кој што секојдневно сме изложени е нормална појава.

Американско истражување покажува дека најголемиот стрес се доживува на работното место. Дури 73 проценти од испитаниците одговориле дека најмногу се нервираат на работа.
За што најмногу луѓето се нервираат на работа?


Околу 11 проценти од анкетираните навеле дека најмногу главоболки и нервози им создаваат ниските примања, потоа, 10 отсто се незадоволни од односот на нивните колеги и соработници, 9 % се нервозни поради тоа што имаат обврска да патуваат, а ист број на работници, пак, се вознемирени поради тоа што мораат да работат прекувремено.

Осум проценти од испитаниците се нервозни и исфрустрирани што неможат да работат по струка, односно поради тоа што не успеале да најдат таква работа.
Жените дефинитивно повеќе се загрижени за финансиската состојба, за разлика од мажите. Дури 14 отсто од жените навеле дека највеќе се нервираат за платата. За разлика од нив, само 8 проценти од машката популација ги навеле парите како стрес бр.1.

Наречете го економски оптимизам, момент кога на луѓето им е дојдено се преку глава,  или како и да сакате, но еден од најфасцинантните резултатите од споведеното истражување е дека стравот од губење на работата е многу намален.

И покрај се помалиот број на вработени, луѓето не се плашат од губењето на работа.
Само 4 проценти од испитаниците доживуваат најголем стрес доколку работодавците им се заканат со отказ.
Постојат повеќе начини за да си помогнете сами на себе!

Додека се стремите да успеете, итајќи кон врвот, наместо да се нервирате, за момент застенете и земете здив. Кога ќе се вратите чекор назад и ќе расмислите за она што досега ви било стресно, оддеднаш ќе забележите дека не е се така црно како што си замислувате. Зелената трева од ден на ден станала позелена, а вие не сте ја ни забележале.

Позитивната енергија ќе ви даде шанса повеќе да уживате во вашата работа. А вашата насмевка може да го разубави денот на многу колеги.
Има многу луѓе кои постојано велат дека се премногу зафатени. Ако навистина се толку зафатени, како наоѓаат време да се жалат наместо да си ја работат работата.

Преостанува да се објасни кои и какви се оние луѓе кои изјавиле дека немаат никакви нервози на работа.
Дваесет и седум проценти од испитаниците сметаат дека нивната работа не е стресна. Не изненадува фактот дека сите тие признале дека имаат повеќе од  100.000 долари месечни приходи. Некои од нив толку заработуваат, а останатите приходите ги бележат од поблиското семејство, најчесто од брачните партнери.
Од овие 37 отсто магични луѓе кои немаат стресови на работа повеќе се мажи.
А важен е и податокот дека колку повозрасни се работниците, толку помалку се нервираат на работното место.

Лоши вести – сите старееме. Добри вести – како старееме така и стресовите на работа ќе се намалуваат.
Што и да правите, не зборете наоколу за тоа колку сте зафатени и не се жалете… Единствено, доколку почнете да ја губите смислата за хумор, тогаш, побарајте помош!

Tags: , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1