Непозната жена успеала да сокрие камера и да сними со што се соочуваат луѓето на улиците во Рага во Сирија.
Припадниците на Исламската држава се обидуваат да воспостават калифат на освоените подрачја, кои сега зафаќаат делови од Сирија и Ирак, пренесува “Телеграф“.
Снимките покажуваат мажи со оружје, а пушки носат и жените кои идат со своите деца во парк. Во еден момент ја прозиваат двајца мажи:
„Како така се однесуваш во јавност? Ти се гледа лицето. Никабот ти е прекраток. Бог ги сака жените со прекриено лице“.
Жената се извинува и ветува дека наредниот пат ќе носи подебел никаб.
Кристијан Бенедикт од “Амнести Интернешнал“, коментирајќи го ова видео изјави дека најдоброто нешто што може да им се случи на овие жени е само дискриминацијата а најлошото веројатно да бидат киднапирани, силувани и убиени.