Нервозен си, депресивен ? Запали си едно цигарче и се ќе биде О.К., глупост невидена, но со децении функционира, прво кај луѓето, а сега и мајмуните решиле да „арчат тутун“.
Шимпанзо во една африканска зоолошка градина, не сака ни да чуе за морално однесување, ниту дека дава лош пример за останатите мајмуни, си пуши цигари и си тера кеиф. Зошто? Веројатно ова му е маркетиншки трик – сака да привлече поголем број посетители.
Но тоа не е случај со мајмунката Фели, таа има вистински проблем – депресија. Илјадници љубопитни посетители се обидуваат да дознаат, од каде депресија, зошто Фели се препушти на ова горчливо задоволство. Одговорот е едноставен – Љубовта ја мачи. И тоа не љубов како романтичен поим, просто кажано, нејзиниот партнер не си ја вршел својата должност в кревет.
Ова се само мал дел од примерите во кои и животните посегнуваат по пороците својствени само за луѓето