Директорот на Ветеринарниот институт во Краљево, Мишо Коларевиќ потврдил дека во околината на овој срспки град е пронајден комарец заразен со западнонилски вирус.
Тој додал дека уште во девет населени места во околината на Војводина се пронајдени заразни комарци.
– Станува збор за национален мониторинг кој го спроведува нашиот институт врз инсектите, домашните животни, односно коњите и комарците. Вознемирува фактот што кај 10 комарци пронајдовме присуство на вирусот западен Нил, изјавил Коларевиќ.