Новинар пронашол исчезнатото момче додека известувал за него (Видео)


Репортерот Камерон Полом во моментот кога известувал на телевизија за исчезнувањето на десетгодишното момче Пол Езекиел Фаган во Тамп (Флорида), во блискиот двор здогледал мало момче кое одговара на неговиот опис.

Момчето лутало наоколу и делувало уморно. „Погледна во мене и си помислив ‘Дали е тоа можеби тој? Зарем е возможно?’“, раскажа новинарот за Today.com.Missing_Tampa_boy_found_by_Action_News_r_2062640000_8455840_ver1.0_640_480

Веднаш го одвел момчето во полиција, кое потоа му било вратено на семејството. Момчето, кое исчезнало во вторникот околу 16 часот по локално време, наводно му рекло на новинарот дека заминал од куќата на баба му за да биде малку сам, без своето помало братче. Поминал некое време во дворот на соседите, каде што заспал.332193_1280x720

Кога Полом го видел околу 19 часот, бил добар и неповреден, единствено се плашел да не го караат дома. За тоа немало потреба, бидејќи семејството било пресреќно што го гледа и што ништо не му се случило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1