Естрадната српска сцена во следните месеци би можела да претрпи сериозни даночни удари.
После тоа, како што пишува српски Курир, јавноста конечно би дознала дали е точно дека во овие кругови годишно се затајуваат и до 87 милиони евра данок.
Имено, првиот даночник на Србија, Марко Маринковиќ најавил дека започнува вкрстено испитување за имотот и приходот на естрадните личности.
Исто така, како што пишува весникот, ќе стане јасно на кој начин српските ѕвезди си дозволуваат огромни вили, луксузни возила, накит и гардероба, а истовремено тврдат дека регуларно ги подмируваат своите даночни обврски на гостувањата во странство или во Србија…